Мерсиха Шукри: Како во медицината така и во музиката секој ја бара својата искра на животот
Мерсиха Шукри е првиот студент по харфа во Македонија, и прв дипломиран харфист на факултетот за музичка уметност во Скопје. Својата лична харфа ја купува дури по дипломирањето, и вели дека за еден толку скап инструмент штедела долги години.
Скромна е и упорна да успее во својата работа, добитник е на повеќе републички и меѓународни награди. Во 2008 година за првпат ја претстави Македонија со учество на 10. јубилеен Светски конгрес за харфа во Амстердам како дел од најголемиот и најдолг оркестар од харфи и влезе во гинисовата книга на рекорди.