Мерко vs Унеско: Струшките плажи ќе бидат уредени ова лето по стариот модел

И додека охридските плажи и понатаму се заглавени во институционални лавиринти како што вели градоначалникот Пецаков, на струшкото крајбрежје Мерко најавува дека ќе се уредуваат и нови плажи.

Ќе има шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема. Ќе се издаваат локации по моделот на постоечките, со договори за закупнина која  ја пресметува општината. Мерко смета дека  туризмот не смее и не може  трпи додека Агенцијата го изработи Планот за охридското крајбрежје. 

Струшкиот градоначалник и понатаму останува на ставот дека угостителските објекти и урбаната опрема на плажите не се дивоградби. 

Прогнозите се дека ова лето на струшкото крајбрежје ќе летуваат значително поголем број на домашни и странски туристи за разлика од минатите две години.