Мерко во 24 анализа: Срамота е градоначалник да се вози со „шкода“
Foto

Мерко во 24 анализа: Срамота е градоначалник да се вози со „шкода“

„Видиш колку е убаво? Како јас ќе дојдев вечерва ако немав возило?“ - изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во вечерашното гостување во 24 анализа.

Додека се прикажуваа снимки од неговото возило, тој коментираше дека аудито е убаво. На прашање зошто не ги користел трите „шкодите“ што ги набавила општината, а кои чинеле дваесетина илјади евра, Мерко рече дека „шкодата“ не е возило за него. Иако општината е во долгови, тој истакна дека е срамота градоначаник да се вози со „шкода“ зошто има помала брзина.

„Каков градоначаник сум јас, со фиќо ќе одам? Не вреди градоначалник со скинати алишта и слаба кола. Море требаше да земам уште поубаво возило. - изјави Мерко.

Тој и во 2011 купил Ауди А6 по истата цена и на праањето зошто сега повторно е купено ново возило, изјави „возилото Ауди беше во неподвижна состојба.“

„Еден обичен граѓанин вози и подобар автомобил од градоначаниците и премиерот“ - изјави Мерко и вели дека нема сиромаштија и дека ова возило е потреба, а не луксуз.

„А, го гледате колку е убаво, нели? Многу е убаво Аудито. Да ви кажам право мислевме да земеме Ауди 8, ама рековме ајде да не претеруваме“ - изјави Мерко.

Тој се чудеше како воопшто се доведува во прашање изборот на возилото за него како градоначалник, бидејќи како што рече, нема намера да се брука како во првиот мандат кога отишол на средба со тогашниот претседател на Србија Борис Тадиќ во Калишта со скапан Опел.

0 Коментари

Остави коментари