Мерки за зауздување на ценовните шокови
Дали веб страниците на трговците ќе придонесат кон зауздување на високите цени? Трговците да си направат веб страници и да ги објават цените за граѓаните да си го планираат пазарењето, ова го предложи премиерот Мицкоски.
Идејата ќе ја достави на денешната владина на седница, откако ќе се разгледаат анализите за цените од пазарниот инспекторат. Сепак не откри како овие информации ќе влијаат на високите цени.
Од СДСМ реагираат, велат дека за осум месеци оваа Влада не понуди ниту една успешна економска мерка. Напротив, со секој потег дополнително го слабее животниот стандард на граѓаните. Македонските семејства се соочуваат со реалност каде што секој ден имаат сè помалку пари, а цените растат без контрола.
„Ги прашуваме Владата и Мицкоски: Кого штитите? За кого работите? Зошто граѓаните не ја гледаат поддршката од вас?Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден нема интерес парите од буџетот да ги врати кај граѓаните. Напротив, со ниту една политика досега не овозможија никаква помош или бенефит за граѓаните.“ - велат од СДСМ.
Од пзарниот инспекторат деновиве појаснија дека од нивната анализа може да се види дека од увоз до рафт во маркет, маржата на некои производи достигнува дури и 70 отсто. Бизнисот пак проблемот за цените го гледа кај царините.