Меркел во Тирана на состанок со лидерите од Западен Балкан
Foto

Меркел во Тирана на состанок со лидерите од Западен Балкан

По Белград, германската канцеларка Ангела Меркел попладнето ја заврши и средбата со албанскиот премиер Еди Рама во тирана. Во фокусот евоинтеграциите на земјите од Западен Балкан и економските  прашања.

Во име на Албанија, премиерот Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност. Канцеларката Меркел по пристигнувањето имаше одвоена средба со Рама, се сретна со премиерите на шесте земји од Западен Балкан, а планирани се средби одделно со секој од нив.

Зборувајќи со нив, Меркел истакна дека нејзина желба била да ги посети сите земји, но тоа е невозможно бидејќи за тоа се потребни 4-5 дена, и му се заблагодари на премиерот Еди Рама за организирањето на оваа средба во Тирана.

Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел.

Канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.

Во попладневните часови премиерот Зоран Заев ќе има и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата Отворен Балкан чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.

0 Коментари

Остави коментари