Меркел во посета на Белград и Тирана, не доаѓа во Скопје, што порачува германската дипломатија

Меркел е во проштална посета на Западен Балкан, но на агендата не се наоѓа Македонија. Германската канцеларка ги избра Србија и Албанија како земји, каде ќе се опрости со лидерите од регионот. Денеска е во Белград, а премиерот Заев ќе мора утре да отпатува во Тирана, заедно со лидерите од Босна и Херцеговина и Косово, да се сретне со Меркел. 

За време од 16 години, Меркел интензивно се занимаваше со компликуваните ситуации во регионот, за време на референдумот за промена на името ја посети и Македонија. Каква порака испраќа сега? 

Симонида Кацарска директор ЕПИ – Прашањето помеѓу Србија и Косово е клучното прашање со кое што се бавеше Германија и Албанија е вториот голем играч во регионот. Вучиќ и Рама се припадници на нејзината политичка групација, значи Вучиќ е близок со ЕПП многу. Сепак и покрај делумниот интерес кој што го имаше канцеларката во нашиот случај, со нејзиниот ангажман кој што го има во контекс на Македонија, сепак е некоја форма на знак дека ова се двата најголеми партнери во регионот кои што Германија ги гледа.  

Српската опозиција, денеска и порача на Меркел да го земе и Александар Вучиќ со неа, кога веќе заминува од политиката. Средбата Меркел – Вучиќ е вечерва , а медиумите веќе наголемо пишуваат дека Меркел од Белград и претседателската палата ,ќе замине со поклон - тепих од Пирот. 

Но како ќе замине од европската политика и што ќе и остави на Македонија, која го промени и своето име за влез во европското семејство ?

Симонида Кацарска 3.29– Почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ е една од нештата кои што ќе стојат на негативната страна на проценката на целокупниот ангажман на Германија во регионот. Што ќе следи е неизвесно затоа што од моментот кога таа го најави своето заминување до денеска видовме многу турбуленции во јавната поддршка, во анкетите, го гледаме и деновиве и порастот на поддршка на социјалистите.

Жената со многу епитети, ја нарекуваа - железната дама, германците ја викаа мути или во превод мама, а и мигрантите во 2015та ја ословуваа како мајка. Само еднаш „тропна силно на масата“ - во 2011, кога ја услови Србија да му даде зелено светло за членство на  Косово во меѓународните организации, по што Белград грубо ги одби барањата. Играјки на картата соработка Меркел ја формираше и иницијативата Берлински процес за лидерите од Западен Балкан. Вечерва и утре со лидерите од регионот ќе разговара и за Отворен Балкан.