Меркел во посета на Аушвиц со донација од 60 милиони евра
Foto

Меркел во посета на Аушвиц со донација од 60 милиони евра

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде во прва прва посета на Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако таа ја презеде функцијата пред 14 години.

„Аушвиц е музеј, но исто така е најголеми гробишта во светот… Сеќавањето на тоа е клучот за градење на сегашноста и иднината“, изјави директорот на меморијалот Пјотр Цивински пред посетата на Меркел. Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот.

Канцеларката ќе донесе донација во вредност од 60 милиони евра за да помогне во зачувувањето на местото каде што нацистите го изградиле најголемиот логор на смртта.

 

Меркел рече дека донацијата, од која половина е обезбедена од сојузната влада, а другата од регионалните влади, ќе го зачува Меморијалот. Во логорот живот загубија повеќе од милион луѓе. Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.

0 Коментари

Остави коментари