Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември ја напушти функцијата ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да работи во ОН.

Меркел „минатата недела му се јави на генералниот секретар на ОН, му се заблагодари за понудата и рече дека нема да ја прифати.“ - изјавија од кабинет на Ангела Меркел.

Меркел на 8 декември ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари. Од кабинетот на Меркел не е прецизирано каков ангажман ѝ понудил Гутереш на поранешната германска канцеларка, но медиумите претходно јавија дека станувало збор за претседавање со Советодавниот комитет на ОН за глобални јавни добра, што е еден од неговите водечки реформски проекти.

Меркел, која долго време најавуваше пензионирање по германските парламентарни избори во септември 2021 година, во неколку наврати повтори дека не сака да преземе никаква нова функција по истекот на нејзиниот мандат. „Кралицата на Европа“, како што беше нарекувана Ангела Мекрел  од финансиски аспект нема причина за грижи. во првите три месеци од пензионерските денови ќе ја добива актуелната плата, 25 илјади евра месечно, а потоа во период од максимум 21 месец половината од неа, 15.000 евра месечно. Меркел мина четири мандати на чело на германската влада, како прва жена канцелар на Германија.