МЕПСО: ФОТЕЉИТЕ ОД ТЕЛЕШКА КОЖА СЕ ЗА СОСТАНОЦИ И ПРИЕМ НА СТРАНКИ
Во фотелјите од природна телешка кожа нема да седат директорите на МЕПСО туку тие се наменети за гости- тврдат од МЕПСО. Менаџментот не гледа луксуз во набавката на мебел вредна 212.000 евра. Се правадаат дека мебелот бил стар 20 години, а тој кај директорот 12. При тоа тврдат дека ги намалиле трошоците, па наместо планираните 500.000 евра, колку што биде предидени пред три години, ја препловиле сумата. МЕПСО испрати Демант на информацијата на ТВ 24 за набавка на 39 фотелји од природна телешка кожа, за кабинетите на генералниот, секторските директори и за секретарката на генералниот за кои ќе плати 14.000 евра. На почетокот тврдат дека не набавиле фотелји од природна телешка кожа.
- „Тендерот за набавка на столици и фотељи за потребите на сите вработени вклучително и директорите е во тек и со него не е предвидена набавка на фотељи изработени од телешка кожа.Тендерот е објавен на веб страницата на МЕПСО на 27 декември 2018 година и спецификацијата е јавно достапна.“- стои во демантот.
За потоа да појаснат дека сепак набавуваат фотелји од природна телешка кожа, но за состаноци и прием на странки.
- „Клуб фотељите кои се третирани во прилогот се набавени во јавна и транспарентна тендерска постапка заедно со клуб маси како гарнитури за седење и се наменети исклучиво за состаноци и за прием на странки .“- стои во демантот на МЕПСО.
Во спецификацијата при објавувањето на тендерот која ја посочува МЕПСО има детали какви се фотелји бараат да набават. Пишува дека бараат дел да се од природна кожа.
- „Набавка, транспорт и монтажа на вртлив, ергономски стол со висок грбен наслон со седиштето обложено со огноотпорна полиуретанска пена наслон обложен со огноотпорна полиуретанска пена во 3 анатомски зони (соодветна сакрална, лумбална и торакална поддршка), регулирање на флексибилноста на наслонот според тежината на корисникот, механизам со можност за фиксирање во минимум 5 позиции. Седиште и наслон тапацирани со природна кожа“- стои во спецификацијата.
Додека пак во договорот со „Леснина Ми“ склучен на 15 јануари кој го објави ТВ 24 и на кој стои потпис од директорот Сашо Василевски прецизно е наведено дека фотелјите за кабинетите на генералниот, секторските директори и за секретарката на генералниот треба да се тапацирани исклучиво со природна телешка кожа.
- „Набавка, транспорт и монтажа на клуб фотелја за канцеларијата на генералниот директор .... седишта и наслон од природна телешка кожа.“- стои во договорот.
ТВ 24 објави дека цените на кожните фотелји варираат – најскапите од 500 евра се наменети за кај генералниот директор Сашо Василевски. За неговата канцеларија се предвидени 5 кожни фотелји за кои МЕПСО ќе плати 2.500 евра.
Во договорот со „Леснина Ми“ вреден 212.000 евра МЕПСО покрај фотелји набавува и канцелариски мебел, кујни, комоди, закачалки за новата зграда.

