Менувачниците лани инкасирале 18,7 милиони евра
Менувачниците во Македонија и понатаму играат значајна улога на финансискиот пазар, а податоците покажуваат дека секторот и минатата година работел со милионски приходи и позитивни резултати.
Според анализата на порталот „Пари“, изработена врз основа на податоците од Бизнис мрежа, вкупно 195 менувачници во текот на 2025 година оствариле приход од 18,7 милиони евра, додека добивката на ниво на сектор достигнала 1,2 милиони евра.
Во споредба со претходната година, приходите се зголемиле за 12,8 проценти, но профитот е намален за 3,46 проценти. Во овој сектор се вработени 371 лице, а просечната месечна плата изнесувала 25.412 денари.

