Мендух Тачи на чекор до Илинденска број 2?

Ќе биде ли новиот заменик министер за одбрана човек близок до Мендух Тачи и ДПА. Висок владин функционер за ТВ 24 посочи дека веќе се водат преговори, но не кажа за кое име се работи.

На вчарашната собраниска седница на која се гласаше за новите владини функционери изостана точката за заменик министер за одбрана . Премиерот Мицкоски пак  денеска во изјава за медиумите посочи дека наскоро владата ќе го достави новиот предлог до собранието и ќе и биде и официјално познат на јавноста.

Пред скоро една недела вицепремиерот Изет Меџити пак во изјава за медиумите веќе посочи дека се водат преговори за проширување на парламентарното мнозинство и дека не ја исклучува можноста во него да влезат и пратеници од Европскиот Фронт, а се преговара и со Мендух Тачи кој излезе од Европскиот фронт и реши да делува самостојно. Дали изборот на заменик министер од неговите редовци ќе биде порв чекор за влегување во власта.

На вчерашната седница во законодавниот дом пратениците гласаа за изборот на новиот министер за здравство Азир Алиу и заменикот за земјоделство Албрим Хоџа. Точката за заменик министер за одбрана изостана но се очекува  да се најде пред народните избраници следна недела.