Меморандум за соработка на МИОА и Министерството за финансии со „Мастеркард“
Foto

Меморандум за соработка на МИОА и Министерството за финансии со „Мастеркард“

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии денеска во Скопје ќе потпишат Меморандум за соработка за воспоставување услуга за дигитална идентификација со „Мастеркард“.

 

Како што соопштија од владината прес – служба, потпис на документот ќе стават ресорните министри Дамјан Манчевски и Нина Ангеловска и заменик претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон на заедничка прес-конференција во медија центарот на Влада на Република Северна Македонија.

0 Коментари

Остави коментари