Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје
Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, ќе потпишат денес министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ, кој и го најави ова случување.
Делот што Македонија треба да го реализира е во должина од 50 километри, од границата со Србија до Скопје, поточно од преминот Табановце до главниот град и со железнички крак до аеродромот „Скопје“.
А, од другата страна веќе се проектира делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри. За потребните средства помош ќе се бара од Европската Унија, бидејќи ова е само дел од големиот проект, кој се спроведува во рамките на Отворен Балкан.