Мексико: Војската убила 12 припадници на нарко картел
Foto

Мексико: Војската убила 12 припадници на нарко картел

Мексиканската војска соопшти дека нејзини припадници вчера во вооружена престрелка убиле 12 членови на еден нарко картел во градот Нуево Ларедо.

Како што се наведува во соопштението, напаѓачите од нарко картелот отвориле оган врз три патролни воени камиони, по што војниците возвратиле на ист начин. Во судирот се убиени 12 напаѓачи, а ниту еден војник не е повреден.

На местото на инцидентот напаѓачите оставиле едно возило, осум автоматски пушки и два снајпера со калибар 50 милиметри.

Се претпоставува дека загинатите припаѓале на „Картелот североисток“, кој некогаш бил дел од стариот озлогласен картерл „Зетас“.

0 Коментари

Остави коментари