Мекиновски: Обвинителството не почитува презумпција на невиност за долгот на ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Мекиновски: Обвинителството не почитува презумпција на невиност за долгот на ВМРО-ДПМНЕ

Тони Мекиновски адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебатна емисија „24 анализа“ обвини дека Јавното обвинителство работи партизирано и единствена цел моментално е да и помага на СДСМ во предизборната кампања.

Во однос на информацијата која денеска излезе во јавноста за истрагата за долгот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателските избори, Мекиновски вели дека не се почитувала презумпцијата на невиност и дека единствена цел на ова е владејачката СДСМ да има предност пред ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори.

„Јавното обвинителство очигледно работи партизирано и сега се фокусира на програмата избори на СДСМ. Отвара истраги и предистраги. Првата грешка е што не смее да објавува информации од ваков тип во јавноста, односно треба да се почитува презумпцијата на невиност“ - изјави Мекиновски.

Тој исто така порача дека обвинителството треба прво внатре да си ја преиспита работата. Мекиновски вели дека обвинителството наместо да ги гони сторителите на кривични дела, спие во зимски сон.

„Треба да почнат внатре да си ја работа работата во обвинителството. Јавното обвинителство наместо да ги гони сторителите на кривични дела, спие во зимски сон. 50 отсто отфрлање на кривични пријави, фоксуирани на политички случаи“ - вели Мекиновски.

0 Коментари

Остави коментари