Мехмети за ТВ 24: За да се изгласаат уставните промени не е драма, туку начинот на кое тоа се наметнува од Бугарија кон Македонија
Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во емисијата 24 анализа рече дека треба да тргнеме напред и треба да гледаме кој е државниот интерес.
- Со промените во Еу, тоа беше дискутирано и порано, не поради нас. Тое не се фокусирани заради нас, туку заради Украина која им е приоритет. Постои проблем и затоа го одложуваат процесот. Проблемот е што и ова решение мора да се донесе со консензус. Прашање е како тоа ќе се одвива. За да се изгласаат уставните промени, самата промена не е голема драма, туку начинот на кое тоа се наметнува од Бугарија кон Македонија. - рече Мемети.