Мехмети во Аргумент плус: Излегувањето на Таравари отвора многу прашања, ќе биде проблем да се продолжи како ништо да не било
Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во Аргумент плус рече дека излегувањето на Таравари од владата отвара многу прашања.
Според него, иако премиерот сака да покаже дека не е загрижен, сепак ситуацијата е затегната.
„Премиерот сака да остави впечаток дека не е загрижен и дека се е во ред и претставниците на Вреди го тврдат истото. Не верувам дека тоа е така, кога имате надвор 19 пратеници албанци а внатре остануваат 9 мислам дека не е сеедно. Премиерот тактизира со барањата на Вреди, тоа е политичката проценка. Мислам дека премиерот ќе оцени што да прави. Вреди ќе ги бара тие позиции што ги имаше Алијанса за Албанците но премиерот нема да го прифати тоа туку -така, ќе има продолжение оваа драма. Она што го гледаме од страна е дека работите се затегнати иако делува дека се е во ред, ако се анализаираат изјавите на самите министри од коалцијата ќе видиме дека постои доста неповолна позиција“, рече Мехмети.
Тој зборуваше и за тоа дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е проблем да одат на предвремени парламентарни избори но проблем му е да преговараат со, како што рече, за нив непосакувани партнери.
„Тоа ќе зависи од проценката на ВМРО-ДПМНЕ и останатиот дел на Вреди. Ако тие сметатт дека не им е проблем вака да продолжат, на Мицкоски секако му одговара иако со Таравари му одговараше повеќе. Не му е проблем да одат на избори, на ВМРО-ДПМНЕ проблем им е што ќе треба да преговараат со непосакувани за нив партнери. Ако дојде момент да не функинира владата ќе мора да се оди на избори. Ќе биде поблем да се продолжи како ништо да не било“, рече Мехмети.