Мехмедовиќ за тв 24: Делта сојот се пренесува побрзо одошто оригиналниот вирус од Вухан

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом на Скопје, во емисијата 24 Отворено се осврна на новиот делта сој на коронавирусот. Вели дека сојот сега е варијанта на загриженост и проблемот е што многу лесно се пренесува и таа преносливост како компонентна е значително изразена во однос на оригиналниот вирус од Вухан.

„Преносливоста се смета дека е за 60% во затворен простор и 40% на отворено и тоа е навистина една сериозна бројка. Се смета дека бројките на заразени се дуплираат секој ден и во рок од еден ден имате растење на кривата на новозаразени, а дуплирани се бројките на хоспитализирани и смртни случаји. Ова се информации од Индија, а во останатите земји, вакциналниот процс е спроведен и таму е поинаку. Затоа не можеме да добиеме една дефинитивна слика за тоа каков е клиничкиот аспект на болеста.“ - вели доктор Мехмедовиќ.