Мехмедовиќ: Ковид бројките се намалуваат, но мора да сме внимателни со мерките!

„Мерките се носат во насока да почнеме да се враќаме во нормално живеење, но тоа го правиме претпазливо. Она што прво е донесено како мерка е учениците да се ослободат од маските. Сепак, состојбата ќе ја следиме на дневно и неделно ниво. Доколку се покаже дека мерката е добра, ќе може да се размислува за ваква мерка и во средните училишта. Во Кина стратегијата за нула Ковид не функционира, и тоа зборуваме за на температури меѓу 25 и 30 степени. Омикрон таму сега се шири. Епидемиолошкиот извештај кај нас вели дека има континуирано намалување на ковид бројките. Сето тоа оди во насока дека бранот поминува, но не смееме да сме невнимателни“ - вели Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести во Студио 10 на ТВ24.

Докторот смета дека „за да се спречат реинфекциите треба да се подигне имунитетот. Тој најдобро се подигнува со вакцинација. Ние имаме многу реинфекции затоа што процентот на вакцинација кај нас е само 41%“.