Мекдоналдс мора да им плати 26 милиони долари на „недоволно платените работници“
Foto

Мекдоналдс мора да им плати 26 милиони долари на „недоволно платените работници“

Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс ќе им плати 26 милиони долари на работниците во Калифорнија кои не се доволно платени.

Мекдоналдс од 2013 година е на суд во врска со разни тужби од 38.000 работници. Меѓу другото, работниците го тужат за неплатена прекувремена работа, неплаќање гарантиран минималец, забрана на пауза и неплаќање за дополнителна работа како што е чистење.

Како резултат на сето тоа, компанијата, освен тие 26 милиони долари, сега електронски ќе плаќа плати, бесплатно ќе дели нови униформи и јасно ќе назначува паузи. Ова е најголема спогодба во врска со платите на овој гиганта за брза храна во САД.

– Иако се уште веруваме дека нашите пракси за вработување се во согласност со Калифорнискиот закон за труд, одлучивме да ја решиме таа тужба покрената на почетокот од 2013 година, соопшти компанијата.

 

Со спогодбата страните постигнаа взаемно прифатливо решение и документот го доставија до судот.

0 Коментари

Остави коментари