Меџити за ТВ 24: Од инспекцијата на кардиохирургија и видовме дека има големи злоупотреби и поради тоа го разрешив директорот

Министерот за здравство доктор Фатмир Меџити во емисијата 24 анализа во врска со разрешувањето на доктор Јовев, рече дека од првиот ден кога стапил на функција, решил на има бескомпромисна борба во здравството.

- Ние во сите клиники имаме еден тајминг и праќаме инспекциски надзор. Од Државен санитарен инспекторат, наредив, а има инспекција во клиниката за кардиохирургија и видовме од извештајот дека има големи злоупотреби и поради тоа така постапив. Со мојот кабинет како министер нема да има 5 до 10 години директори кои не даваат никакво извештај и немаат ништо сработено и за тоа одлучуваат професионалните органи. Тие решиле дека има злоупотреба и затоа така постапив. Не работиме напамет, имавме сознанија и имавме од одредена клиника поплаки за мобинг и други злоупотреби и оваа клиника беше случајно. И во наредните месеци ќе пратиме во сите клиники и здравствени установи низ државата инспекции. - рече Јовев.