Меџити: Во ДУИ има проблеми
Foto

Меџити: Во ДУИ има проблеми

Разлики има, и политички и во други конотации, но имавме предвид дека сме во состојба со коронавирусот каде не треба да придонесуваме да се влоши ситуацијата и имајќи ги процесите во кои се наоѓа државата и дадовме предност да тече процесот, а во од да ги решиме нашите разлики и проблеми кои се реални во ДУИ. Нема ништо лошо да се констатира дека има проблеми и разлики, но тоа со дебата и дијалог треба да се реши. Разликите се и концептуални и политички. 

Тој информира дека за локалните избори се прават анкети, се гледа како котираат луѓето и смета дека, како што рече, истотото тоа треба да биде принцип и за луѓето кои не претставуваат. 

– Ова не е експертска Влада, не е техничка Влада, ова е политичка Влада и таму треба да има луѓе кои што имаат легитимитет и кај народот и кај членството и треба да котираат добро и на анкетите, рече Меџити.

Меџити посочи дека реално во ДУИ има проблеми, но добро е што се дискутира во однос на политичките разлики. 

– Јас бев еден од поборниците ДУИ да се одлепи од тогашното ВМРО на чело со Груевски и да се приклучи на оваа коалиција, која придонесе државата да излезе од изолација, да стане членка на НАТО и да претендира за ЕУ, но исто така денес имаме забелешка – сакав да ги приближам со Заев и СДСМ, но не да се стопат во тоа. Забелешката е кон изјавата на Груби дека „едно сме“, а ако го мисли тоа политички, јас сум против тоа. Се знае од каде потекнува ДУИ и што претставува оваа партија, изјави Меџити.

Тој појасни дека за него и за ДУИ партнер е Зоран Заев и СДСМ. 

– Направивме многу досега, не чека уште многу работа и мислам дека сме на прав пат да ги заокружиме овие работи кои ќе дадат нова перспектива на граѓаните на земјава, рече Меџити.

0 Коментари

Остави коментари