Меџити во 24 анализа: Не знам каде е точно Груби, според изјавите на Ахмети тој е во Албанија
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во 24 анализа рече дека не знае каде е точно Артан Груби но според изјавите на Ахмети тој е во Албанија. Според него, Груби побегнал сам без помош на Владата.
„Ахмети потврди дека Груби е во Албанија а јас немам конкретни информации. По мои информации Владата не го пушти туку тој има луѓе во МВР за кои се водат постапки сега. Тој искористи последни моменти за да избега и најави дека ќе се врати но не се соочи и со тоа потврди дека е виновен“, изјави Меџити.
Тој потенцираше и дека очекува сите кои побегнале од државава да се вратат и да одговраат за своите постапки.