Меџити во 24 анализа: Има иницијатива за регионален молитвен појадок во Македонија, ќе дојдат и конгресмени и сенатори од САД

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во 24 анализа рече дека се работи на заедничко решение со Бугарија кое ќе биде задоволително за двете страни. Тој рече и дека има нова иницијатива за организација на регионален молитвен појадок на кој поддршка ќе дадат и Соединетите Американски Држави.

Ќе се сретнат двајцата министри за надворешни работи на двете држави и ќе се отвори нова перспектива. Оваа средба би ја искористиле и како прилика за евентуална средба помеѓу Христијан Мицкоски и Росен Жељазков“, изјави Меџити.

За регионалниот молитвен појадок Меџити рече дека тоа е нешто ново и ќе ги отвори вратите за нови соработки.

Има нова иницијатива молитвениот појадок што се оргнанизира од Конгресот во САД да се организира и во Македонија и да биде регионална оргинизација што може да придонесе за продлабочување на соработката со нашиот стратешки партнер САД. Молитвениот појадок во Македониј би бил и повод да дојдат конгресмени и сенатори кои имаат влијание на овие политики“, рече Меџити.