Меџити, Таравари, Лимани, Абази ....„ВРЕДИ“ ја стокми владата, мандатот за Мицкоски најдоцна до 8 јуни
Првата недела од јуни, односно од најрано на 5, најдоцна на 8, Христијан Мицкоски ќе го добие мандатот од шефицата на државата Горадана Силјановска, потврдуваат за ТВ 24 од ВМРО -ДПМНЕ и од коалицијата „Вреди“.
Според договореното, изборот на новата влада на Христијан Мицкоски најдоцна треба да се случи на 20 јуни.
Иако преговорите со Вреди се завршени за министерски и заменички места, како и за државни секретари, а со Знам финишираат, сепак планот на новото мнозиснтво е најпрво да ги помине пакетот на закони со кои дел од актуелните градоначалници, ќе можат да станат министри, атоа да не предизвика нови предвремени избори, однонсо Тимчо Муцунски и Арбен Тарвари како дел од кабинетот на Христијан Мицкоски и Блерим Беџетои како дел од пратеничката група на ДУИ. Тој пакет според информациите треба да се најде и реаорганизацијата на Владата со новиот министерски состав кои ги планира ВМРО-ДПМНЕ.
И додека Мицксоки се уште вага за неговите најблиски соработници во Вреди веќе се знаат министрите. Според информациите на ТВ 24 од висок функционер во „Вреди„ прв вицепремиер и министер за екологија ќе биде Изет Меџити, вицепремиер за евроинтеграции: кадар на Алтернатива, се споменува пораннешниот министер за дминситрација во Владата на СДСМ Адмирим Алити и Славица Грковска во фотелјата за добро владеење ќе седне жена, а Бујаре Абази, во минситерство за здарвство се враќа Арбен Таравари, а во социјала Фатмир Лимани, а во новото за економија и труд , претседателот на советот во Тетово Бесар Дурмиши. Според истиот функционер на контото на Вреди ќе легнат и 7 заменици министри и 5 државни секретари.
Во ВМРО-ДПМНЕ остануваат условни најтешките министерства МВР, МНР, одбрана, земјоделство, транспорт и врски, финансии, земјоделство, образование, култура, локална самоуправа, за етнички заедници, дигитална трансфирмација од кои две ќе одиат запартијата на Стоиљковиќ и за Социјалистичката партија. Минситерска позиција ќе има за најблиските соработници на Христиан Мицкоски Алекдсандар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитровска Кочовска, Тимчо Муцунски, а се очекува Мицкоски да не ги збаорави нути Панче Тошковски, Стефан Андонив, Цветан Трипуновски.
Од владиниот колач две министерства ќе паднат во рацете на Максим Димитриевски, како и министерство за администрција доколку се случи реорганзацијата на владата. Лидерот на Знам само кусо вели дека се уште се преговара за принципи.
Според информациите на ТВ 24, паралелно со преговорите за влада, Мицкоски преговара и со најмалите партнери од фронтот на Али Ахмети за зголемување на мнозинството и стигање до 80.