Медведев со екстремен говор: Се закани со нуклеарен напад врз Вашингтон, Берлин и Лондон

 

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно му се закани на Западот со сеопфатна нуклеарна војна доколку Русија се врати на своите граници од 1991 година по војната во Украина.

Во денешната објава на Телеграм, актуелниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност го повтори својот добро познат став дека „нуклеарните сили никогаш не губат војна сè додека ја бранат својата татковина“.

„Дали овие идиоти навистина веруваат дека рускиот народ би прифатил таков распад на нивната земја? - пишува Медведев.

Според мислењето на Медведев, враќањето на Украина на старите граници би било против рускиот устав бидејќи освоените територии во источна Украина и Крим веќе се припоени како делови на Русија.

Границите од 1991 година се меѓународно признати гранични линии меѓу Русија и Украина, пред Русија да го анектира Крим во 2014 година и пред руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Дали овие идиоти навистина веруваат дека рускиот народ би прифатил таков распад на нивната земја? напиша Медведев.

 

Тој рече дека Русија ќе го организира целиот свој арсенал и покрај Киев ќе ги нападне и Вашингтон, Берлин или Лондон.

Медведев додаде дека овие „прекрасни историски места одамна биле внесени како цели на (руската) нуклеарна тријада“. Тој мислеше на конфигурацијата на копнените ICBM, ракетите лансирани од подморници и стратешките бомбардери со нуклеарни бомби.

За време на неговиот мандат како претседател од 2008 до 2012 година, Медведев важеше за либерален и умерен политичар. Од почетокот на руската војна против Украина, пред речиси две години, тој се претвори во екстремист и сега е еден од најжестоките критичари на Западот.

Сепак, нема конкретни назнаки дека руското раководство всушност планира да употреби нуклеарно оружје.