Медведев сигурно прв на АТП-листата, објавени првите 10 тенисери

Рускиот тенисер Данил Медведев ја зголеми предноста во однос на конкурентите на светската ранг-листа што денес ја објави АТП.

Медведев, кој викендот го освои турнирот во Лос Кабос, Мексико, има 1.115 бодови повеќе пред Германецот Александар Зверев. Претходно разликата беше 775 бода.

За 26-годишниот Русин ова беше прв освоен турнир во 2022 година. Последен пат Медведев победи во септември 2021 година на УС Опен.

 

Топ 10 тенисери на светот:
1. Данил Медведев (Русија) – 7.875 бода
2. Александар Зверев (Германија) – 6.760
3. Рафаел Надал (Шпанија) – 5.620
4. Карлос Алкараз (Шпанија) – 5.035
5. Стефанос Циципас (Грција) – 5.000
6. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 4.770
7. Каспер Руд (Норвешка) – 4.685
8. Андреј Рубљов (Русија) – 3.710
9. Феликс Оже-Алиасим (Канада) – 3.490
10. Хуберт Хуркач (Полска) – 3.015.