Медведев: Се приближуваме до нуклеарна апокалипса

Ако Велика Британија испорача муниција со осиромашен ураниум на Украина, Русија ќе биде принудена да реагира“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Коментарите на рускиот лидер доаѓаат откако Анабел Голди, државен министер во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, пред неколку дена изјави дека Велика Британија ќе и достави муниција на Украина, вклучително и оклопни куршуми кои содржат осиромашен ураниум.

Актуелниот  заменик претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена. Тој тврди дека светот се приближува до „нуклеарна апокалипса“.