Медведев: Одлуката на Хашкиот суд ќе има монструозни последици за правото
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев оцени дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе има „монструозни последици“, односно уривање на принципот на правото.
Тој на Телеграм напиша дека судиите се осмелиле да „кренат рака на најголемата нуклеарна сила“.
На 17 март, судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд чија јурисдикција Русија не ја признава, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавова-Белова, кои се сомничат за воени злосторства, вклучително и илегалната депортација на деца од Украина во Русија.