Mедведев го победи Надал и се пласираше во финалето на завршниот ATП турнир
Foto

Mедведев го победи Надал и се пласираше во финалето на завршниот ATП турнир

Рускиот тенисер Данил Медведев синоќа го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-1, по сетови 3:6, 7:6 и 6:3 во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон.

Средбата траеше 2 часа и 37 минути. Русинот направи 13 аса и три двојни грешки. Шпанецот имаше три аса, исто толку двојна грешка.

За Медведев ова е прва победа над Надал во неговата кариера.

Во финалето, вечер од 19 часот, Медведев ќе се сретне со Австриецот Доминик Тим.

Наградниот фонд на овој турнир со којшто ќе се заокружи тениската сезона, изнесува 5,7 милиони долари.

0 Коментари

Остави коментари