Медиумските работници недоволно заштитени во првите борбени редови на пандемијата
Пандемијата на коронавирусот целосно гo промени начинот на кој живееме, од извршување на секојдневните обврски, како пазарење, средба со пријатели, начинот на работа, дури и патувањата како и други обврски за кои претходно ги извршувавме без да се грижиме дали тие ќе остават последици врз нашето здравје и здравјето на другите. За дневните случувања во светот и нашата држава во првите борбени редови се најдоа медиумските работници, кои секојдневно од терен известуваа и за сосотјбата со вирусот.
За МИА дел од нив го споделија искуството како е да се работи во услови на пандемија, кога заштитната опрема е недоволна, но есенцијален дел во борбата со вирусот и присуството на настани што се од интерес за јавноста, каде не секогаш се почитуваат протоколите, доведувајќи ги во опасност новинарите, снимателите и фоторепортерите при извршување на нивната работа.
Претседателот на Здружение на новинари во Македонија, Младен Чадиковски за МИА вели дека уште на почетокот на пандемијата ЗНМ изготви прирачник за заштита и безбедност при работа од коронавирусот, како и за етничко известување во услови на пандемија.
Претседателот на ЗНМ посочи дека во соработка со ОБСЕ, обезбедиле пакети со помош од средства за дезинфекција, маски, заштитни капи, очила и сè што е потребно за заштита за над 120 редакции, како и вакцинирање на медиумските работници во организација со Министерството за здравство. пандемијата.