Медиумски штрајк – црн екран за владата најавија локалните и регионални телевизии
Foto

Медиумски штрајк – црн екран за владата најавија локалните и регионални телевизии

Регионалните и локални телевизии кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, членки на здружението „Медиум објектив“ незадоволни од одлуката на владата да им додели помош на само петте национални телевизии и 6 регионални терестријални најавуваат штрајк со прекин на програмата.

Локалните телевизии реагираат на селективноста на одлуката на владата. Најавуваат црн екран секој ден од 19 до 20 часот. Штрајкот почнува од утре, а како што соопштија од здружението на екранот ќе биде запишано:

„Штрајк поради нееднаков третман на владата на Република Северна Македонија кон радиодифузерите“.

Штрајкот ќе трае до носење уредба за помош и поддршка на сите радиодифузери во услови на криза од ковид-19.

Владата донесе уредба со која донесе одлука на терестријалните телевизии да им додели над половина милион евра, од што најголем дел ќе искористат петте национални Алфа, Сител, Канал 5, Телма и Алсат.

0 Коментари

Остави коментари