Медицинските сестри не се согласуваат во малите места да се отворат ординации само со лекар
Медицинските сестри очекуваат следната недела да седнат на маса со директорите на Фондот за здравство за да ги понудат нивните решенија за амбулантите во помалите населени места.
Од Унијата велат дека има можности и начини како да се обноват огласите за вработување и да не се остават пациентите во помалите места без сестринска нега.
„Ние нема да прифатиме ниту една ординација не за преоден период за 24 месеци туку ни за 2 минути да функционира без медицинска сестра. Медицинските сетри не смеат како професија да бидат на ваков начин нерешени... На крајот имате можност да го распишете конкурс и да ги вработите како дел од јавниот здравствен систем. Се работи за осум ординации, така што има начини и решенија“.... - Гордана Бешлиовска Унија на здруженија на медицински сестри „За нас“.
Поддршка добија и од дел од лекарите.
„Секогаш позади секој успешен доктор стои успешен тим. Сестрите се 'рбетот на здравствениот систем. Ова се тие вредни, трудољубиви кои што го прават медот, а ние често се фалиме без да ги споменеме“.... - д-р Нико Беќаровски.
Барањето на медицинските сестри за средба со менаџментот на Фондот доаѓа по одлуката - матичните лекари да може да работат и без медицинска сестра во населени места до 2.000 жители во период од две години, како преодно решение поради недостигот од кадар.