Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника
Foto

Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника

Медицинскиот техничар од Шведска Ханс Јорген Михаел Селберг, кој пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита ќе им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид-19.

Од Инфективната клиника информираат дека Јорген одлично се вклопил во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.

-Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина, изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за Минстерството за здравство.

0 Коментари

Остави коментари