Меѓупартиски обвинувања за Изборниот законик
Ќе има ли нов обиди да се одмрзнат преговорите на парламентарните групи за изборниот законик откако денеска Левица излегоа со соопштение дека ќе ги искористат сите правни, политички и демократски механизми за една изборна единица и покрај пробиените рокови.
Од партијата додаваат дека пробиениот рок не го поништува барањето на граѓаните кое е нужно неопходно за изборен и фер демократски процес.
Левица
- Левица ќе ги користи сите политички , институционални и демократски механизми за прашањето за една избнорна единица повторно да биде отворено . Рокот што го проби власта не го поништува барањето на народот . Партии уверени во народната поддршка не бегаат од една изборна единица не бараат спас во изборни манипулации и не си обезбедуваат милионска буџетска предност за политичко рекламирање . Од еднакви правила се плашат само оние што знаат дека нивната реална политичка тежина е помала од моќта што им ја подарува системот.
Сепак од владејачката ВМРО ДПМНЕ пак и денеска не пропуштија прилика да ги обвинат токму СДСМ и Левица дека тие се кочничари на целиот овој процес поради кој земјата остана покуса за 4, 2 милиони евра сретства од европските фондови додека се донесеше овој реформски закон.
Валентин Манасиевски ВМРО-ДПМНЕ
Од Бихаќка пак денеска обвинија дека токму ВМР- ДПМНЕ се тие кои не сакаат нов изборен законик.
СДСМ
- ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски го блокираат донесувањето на нов Изборен законик во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.Наместо да се донесе закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и демократски избори, тие се обидуваат да протуркаат решенија кои ќе им овозможат контрола и манипулација врз изборниот процес.Особено загрижувачки е нивниот однос кон гласањето на дијаспората. Наместо да се воведат механизми за контрола и транспарентност, ВМРО-ОКГ сака систем кој ќе им дозволи да манипулираат со стотици илјади гласови од дијаспората.
Повици за гласање на изборниот законик имаше и од меѓународните претставници и од евроамбасадорот Рокас но неговите изјави останаа само морална поддршка за приближување на ставовите на партиите кои пак одлучија да не ги продолжат преговорите а реформскиот закон остана заглавен во собраниските лавиринти.

