Меѓународниот ден за борба против сиромаштија - 455 100 луѓе живеат под праг на сиромаштија

Парче леб, понекое пластично шише, старо железо или било што корисно што можеби може и да се продаде а е извадено од контенјерите низ градот е секојдневието на деветнаесет годишниот Ракип од скопска Шутка, татко на четири деца. На Светскиот ден за борба против сиромаштијата ни ја раскажа својата приказна но поради срам дека е сиромашен не сакаше да зборува пред камера.

Скоро половина милион граѓани во змејава живеат под прагот на сиромаштија – потонати во беспарица, со помалку од два долари дневно. Според последите достапни податоци, во 2018  стапката на сиромаштија изнесувала безмалку 22 отсто од вкупниот број на население. Загрижува податокот дека сиромаштијата е најголема кај младите до 17 години, со стапка од речи си 30 отсто од вкупниот број. 

стапка на сиромаштија                      21,9% 

до 17 години                                             29,3% 

од 18 до 64 години                                  21,2% 

65 и повеќе години                                14,6% 

Бројките покажуваат дека сиромашни се и оние кои се вработени – кај нив стапката на сиромаштија изнесува 8,8 отсто додека 42 отсто од невработените живеат под прагот на сиромаштија. Граѓаните велат, големите трошици го тенчат животниот стандард.

Според податоците на ССМ за да преживее едно семјство месечно му се потребни 541 евро – од нив скоро 43 отсто се потребни за храна а речеси 32, 5 проценти за домување , односно за сметки за струја вода комуналии.

И на годинашниот, меѓународниот ден за борба против сиромаштијата - Македонија сеуште е во групата на земји со висок процент на сиромашни луѓе. Допoлнително, здравстевната Ковид-19 криза е закана за продлабочување на сиромаштијата - според прогнозите на Светска банка сиромаштијата ќе се зголеми на 23 проценти. 

Не сме сиромашни. Како сиромашни? Ако сакаш да работиш ќе најдеш работа. Државата, државата. Ние сакаме државата се' да ни даде.