Меѓународни активности во САД на Ковачевски и Пендаровски
Високи функционери на прием во чест на 50-годишното членство на Германија во ОН, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.
На приемот е реафирмирано значењето на Германија како одговорен партнер на Организацијата на Обединетите нации и принципиелен бранител на меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право.
Канцеларот на Сојузна Република Германија, во кусиот разговор со Ковачевски потенцирал дека, следниот период е единствена шанса да се осигура квалитетот на животот на македонските граѓани според европските стандарди во спротивно граѓаните ќе се соочат со изолација.
- Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа. - изјави Олаф Шолц канцелар на Сојузна Република Германија.
Премиерот Ковачевски пак, му честиташе на канцеларот Шолц, за членството на Германија во ОН и големиот придонес на државата во целокупниот систем на ОН.
- Во кусиот разговор со канцеларот Шолц, премиерот Ковачевски се заблагодари за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, правејќи ја Германија една од најблиските европски партнери на нашата земја. - се вели во владиното соопштение.
Од кабинетот на претседателот Стево Пендровски, велат дека на средбата помеѓу претседателот и Канцеларот Олаф Шолц, Пендаровски изразил благодарност за досегашната поддршка од Германија како еден од нашите најблиски сојузници и очекува понатамошна силна поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори.
- На средбата беше разговарано за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот, при што претседателот Пендаровски информираше за текот на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. - велат од Кабинетот на претседателот на РСМ.
На приемот, во неколку неформални разговори бил нагласен примерот на ефективна дипломатија што го дава Македонија, којашто годинава одбележа 30-годишно членство во ОН и којашто од земја корисничка на мировни мисии, денес е држава домаќин на меѓународни преговори за решавање прашања од интерес за стабилноста на Западен Балкан, ЕУ и во светот.