Меѓународната заедница со остри критики за корупцијата

Два дена после извештајот  за човековите права во Македонија на Стејт Департментот на САД меѓународната заедница со остри критики.

Американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер акцентот го става на граѓаните во државава во контекст на владеење на правото порака дадена од форумот на жени лидери од Југоисточна Европа порача дека жените имаат важна улога во борбата со корупцијата тие ги трансформираат конверзациите во случаи на конфликти.  

Од ОБСЕ велат дека зајакнувањето на позицијата на жените во политиката е од критично значење за да се обезбеди правата на жените да бидат признати и зајакнати и да се овозможат тие да го промовираат и обликуваат ефективното добро владеење и борбата против корупцијата.  

Вицепремиерката за добро владеење Грковска од форумот на жени лидерки порача правосилните органи професионално да ја вршат работата со процесуирање на случаите и тие самите да покренуваат случаи. Работа на кабинетот за добровладеење е проследување на сомнителните случаи до истражните органи кои треба да продолжат со истрагата, но не прецизира за кои функционери точно процесуирала случаи.  

Македонија со години добива остри извештаи од меѓународните организации и институции дека во земјава владее широко распространета корупција а фокусот секогаш се става на високите функционери односно големите риби. 

Премиерот Ковачевски ги повторува старите планови односно дигитализацијата како најефикасен метод за справување со корупција. 

Имаме некадарни луѓе во администрацијата, оние кои се способни а немаат политичка позадина нема кој да ги поттурне, едноставно, нема систем на кариера во администрацијата, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски во студио 10 на ТВ 24. според него има добри законски решенија, ама лошо се  толкуваат и  применуваат. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека единствениот новитет во извештајот е што ставот од предупредувачки е осудувачки. Од Алтернатива велат дека политичката корупција е навлезена во сите пори на системот и на овој дефект мора да му се застане на патот. А Демократски сојуз потсетува на нивниот предлог закон до собранието за формирање на таканаречената независна агенција за борба против корупцијата кој сеуште не се имплементира.