Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“
Меѓународниот фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“ ќе се одржи од 3 до 5 јули 2025 година во Кавадарци, информираше Марјан Тодоровски од Дом на култура „Иван Мазов - Климе“.
На фестивалот што ќе се одржи на градскиот плоштад ќе настапат фолклорни ансамбли, културни уметнички друштва од земјава и странство, меѓу кои и од Турција, Литванија и од Мексико.
-Пред секој концерт на фестивалот, ансамблите учесници ќе имаат дефиле по улицата „Илинденска“ и градскиот плоштад во центарот на Кавадарци, што ќе започнува од 19:30 часот на кружниот тек во новиот центар на Кавадарци. На фестивалот ќе учествуваат сите постави по возраст на ФА „Тиквеш“, од најмалата до првата постава, посочи Тодоровски.
Организатор на фестивалот е Дом на култура и Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ што работи при Домот, со поддршка на Локалната самоуправа и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и од компании од Кавадарци и околината.