Меѓународен фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест”
Foto

Меѓународен фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест”

Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест”, ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Фондацијата за културна и научна афирмација „Македонија презент“.

Во рамки на фестивалот, како што е најавено, ќе бидат врачени и наградите Скрипт фест 2021 од Конкурсот за најдобри филмски сценарија.

Овогодинашни добитници на наградите “Скрипт фест” се авторите: Владо Јаневски (Сиднеј), Васил Михаил (Лондон) и Гоце Ристовски (Скопје).

На првиот ден од фестивалит, како што најавуваат организаторите, ќе се одржи работилница со учениците од гимназиите „Никола Карев” и „Раде Јовчевски – Корчагин” на тема „Од сценарио до филм”, која ќе ја води проф.д-р Христо Петрески од Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје.

Утре на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима”, ќе се одржи трибина со студентите на тема „Филмското сценарио овде и сега”, која ќе ја води вонредниот професор м-р Гоце Ристовски.

Фестивалот „Скрипт фест“ годинава се одржува со поддршка на Програмата за култура при Собранието на Град Скопје.

0 Коментари

Остави коментари