Меѓународен ден на гладта
Денеска е меѓународниот ден на гладта. „Заедно против гладта“ е хуманитарната акција која од денеска започнува во Скопје, а веќе има поставено 11 собирни пунктови, каде граѓаните, компаниите, организациите може да донираат храна. Локациите се на видливи и препознатливи локации како пред големите маркети или трговски центри.
Неодамна дел од експертите на панел-дискусија на тема „Достоинствен живот или опстанок?“ алармираа дека до крајот на 2023 година околу 510 илјади граѓани ќе живеат во умерена сиромаштија, односно со помалку од 200 денари дневно, додека 69 илјади граѓани ќе живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари.
Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ порача дека државата мора да ги замрзне цените и да ги држи барем половина година за да се спречи инфлацијата. Паралелно со тоа, мора да се зголемат сите примања на луѓето, доколку сака да го ублажи овој пораст.

