Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе го продолжи синоќа договорот со ПСЖ за уште три години и ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2025 година.

- Многу сум среќен што ја продолжувам оваа авантура и останувам во Франција и мојот град Париз. Отсекогаш говорев дека Париз е мојот дом. Се надевам дека ќе продолжам да го работам тоа што најмногу сакам да го работам, а тоа е да играм фудбал и да освојувам трофеи, изјави Мбапе пред натпреварот против Мец.

Мбапе потоа го крена клупскиот дрес на кој беше испишан бројот 2025, во присуство на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Мбапе имаше договор со ПСЖ до 30 јуни, а се шпекулираше дека ќе мине во редовите на Реал Мадрид, кој една година се обидуваше да го реализира тој трансфер.

ПСЖ првично одби 180 милиони евра за колку што Мбапе дојде во парискиот клуб во 2017 година, а медиумите наведуваа дека и новата понуда од Мадрид во износ од 200 милиони евра не била доволна.

Претседателот на шпанската професионална фудбалска лига Ксавиер Тебиас го нарече продолжувањето на договорот меѓу Мбапе и ПСЖ „срамота за фудбалот‘, додека шпанската лига најави дека ќе се жали до УЕФА, француските даночни власти и Европската унија „поради непочитување на финансискиот фер плеј“.