Маж застрела пет лица во Шпанија, бремена жена го загуби бебето
Foto

Маж застрела пет лица во Шпанија, бремена жена го загуби бебето

Маж застрела пет лица кои утрово присуствувале на забава на отворено во шпанскиот град Сабадел во близина на Барселона, јави ДПА.

Една од жртвите, седуммесечна бремена жена, го загуби своето бебе по здобиените повреди, јави весникот Ла Вангуардија, повикувајќи се на полициско соопштение.

Друга жртва е тешко повредена, со четири куршуми. Неговата девојка изјавила во полиција дека се сомнева дека сторителот е нејзиното поранешно момче, кое неодамна излегол од затвор.

Според полицијата, другите три жртви се само полесно повредени. Во тек е потрага по сторителот, велат тие.

Исто така, не е исклучено дека инцидентот може да биде расчистување на сметки меѓу улични банди.

0 Коментари

Остави коментари