Матија Биното го менува Маурицио Арибавене на чело на Ферари
Foto

Матија Биното го менува Маурицио Арибавене на чело на Ферари

Ферари ќе го замени шефот на тимот Маурицио Аривабене со поранешниот технички директор Матија Биното откако екипата остана без титула минатата сезона во Формула 1, тврди „Газета дело спорт“.

Официјалното соопштение би требало да биде објавено до крајот на денот, но во моментов, портпаролите на Ферари не даваат изјави.

Ферари освои шест од 21 трка минатата година, а Мерцедес ги прибра титулите кај пилотите и конструкторите. Тензиите на Аривабене се засилија во втората половина на сезоната поради некои лоши тактички одлуки и сега е речиси сигурно дека ќе се дојде до разделба.

Следната година за Ферари ќе возат Себастијан Фетел и Шарл Леклер.

0 Коментари

Остави коментари