Матичните лекари и во среда на протест - ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат

Дали пациентите треба да ги лекуваме со баење или со лекарства. Треба ли да броиме по колку апчиња даваме на пациентите - прашуваат матичните лекари, гневни откако викендов од Фонот за здравство добиле мејл со известување дека го пречекориле препишување на лекарства и дека за истото им следува санкција.

- Ниту еден доктор не дава лекови за колачи. Ние лекуваме луѓе, зборуваме за спасување на човечки животи и тоа е многу сериозна тема и молиме институциите многу сериозно да го сфатат ова  и под итно да си свикаат состанок. Што треба да не ги лекуваме луѓето? Да не им даваме лекови? Да баеме? Ниту јас ниту некој мој колега нема да даде пеницилин ако на пациентт не му е потребен. На никого нема да дадеме лек за притисок ако тој нема притисок, вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Со измените кои беа направени, матичните лекари добија можност да препишуваат лекарства кои се на ниво на специјалист, се со цел тие да бидат подостапни за пациентите, бидејќи има недостаток на специјалисти низ градовите.