Матичните комисии ќе ги разгледуваат амандманите за законот за Советот на јавни обвинители и на измените на Законот за гранична контрола
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за политички систем и за односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана е второто читање на Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува амандманите на Предлог на закон за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Според информациите на веб страната на Собранието, за законот се поднесени 26 амандмани.

