Маслинко останува во МЗТ, договор и за Бакоч пред можноста за настап во АБА 1 лигата
Foto

Маслинко останува во МЗТ, договор и за Бакоч пред можноста за настап во АБА 1 лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со клубот од „Јане Сандански“.

За 23-годишниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во Аеродром, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно.

Од денес и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром е 24-годишниот Филип Бакоч кој потпиша едногодишен договор со „сино-белите“.

Инаку денеска дел од балканските медиуми најавуваат дека МЗТ Скопје ќе добие покана за настап во АБА 1 лигата идната сезона откако Приморска од Словенија нема лиценца поради долговите и финансиските проблеми. Инфрмациите се дека македонскиот тим ќе добие место за настап во регионалната лига која ќе се прошири на 14 клубови.

0 Коментари

Остави коментари