Маскирани лица го нападнале претседателот на ФФМ Муамед Сејдини

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, дознава Алсат.

Веста ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој нагласи дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. 

Причината и состојбата на Сејдини се уште не се познати.

„Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот“, изјави Сејдини во разговор за „Клан Македонија“. 

Според видеото и исказите, Муамед Сејдини не е посериозно повреден по нападот пред скопскиот локал.