Машинскиот персонал е во бојкот, нема да тргнат возовите по 16 часот

Машинскиот персонал во железници на република северна македонијатранспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните.

Одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска.