Масакр во Вирџинија, менаџер на маркет уби десет лица

Нов вооружен инцидент во САД, неполна недела по убиствата во Колорадо, шест лица се застрелани во продавницата волмарт во градот Чесапик, Вирџинија.

Нападот го извршил менаџерот на продавницата кој потоа се самоубил а мотивот за убиствата се уште е непознат. Полицијата добила повик синоќа околу 22 часот по локално време а во супермаркетот, покрај починатите биле пронајдени и десетина повредени.

- Полицијата веднаш реагираше откако добивме пријава дека има пукање. Кога пристиганаа првите полициски службеници веднаш забележаа дека се работи за нешто многу посериозно. Влеговме во објектот и веднаш забележавме дека има многу повредени и починати. Веруваме дека само едно лице го извршило нападот и тој е сега починат. - изјави Лео Косински портпаролот на локалната полиција.

Од локалната болница соопштија дека кај нив се згрижени петмина од повредените, без да откријат каква е нивната состојба. Еден од работниците кој успеал да преживее откри дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука, а тој легнал на подот и се преправал дека е мртов.

„Брат ми ми кажа дека се се случило за помалку од 10 минути. Тој е сега добар а  докторите се подготвуваат да му направат операција. - изјави Дебра Хазлет сестра на вработен во Волмарт.

Од компнијата Волмарт велат дека се шокирани од инцидентот и дека соработуваат со полицијата, а меѓу загинатите, неколкумина работеле кај нив. Гувернерот на државата вирџинија пак вели дека полицијата ќе ги има на располагање сите седства за да се расчисти случајот.

„Останувам во контакт со полицијата и ги ставив на располагање сите ресурси додека трае истрагата. Грозоморните акти на насилство немаат место во нашите заедници.“ - ИЗЈАВИ Глен Јангкин гувернер на сојузната држава Вирџинија.

Нападот се случи само неколку дена откако вооружено лице почна да пука во ноќен клуб во американската сојузна држава Колорадо, при што уби пет лица, а 17 беа повредени. Во 2019 година, во масовно пукање во Волмарт во Ел Пасо, Тексас, загинаа 23 лица.

Според американските медиуми, од почетокот на годината, речиси 40.000 Американци загинаа од истрели од огнено оружје. Од нив, повеќе од 1.500 се деца, меѓу кои 290 на возраст под 11 години.